ВЕЧЕРВА со почеток 20 Часот ќе биде пуштен во употреба плоштадот кај Музичкото училиште

Вечерва со пригодна културна програма, со почеток во 20 часот, градоначалникот Никола Бакрачески, свечено ќе го пушти во употреба новоизградениот плоштад кај поранешниот „мини- маркет“ во близина на  музичкото училиште.
Плоштадот  е со површина од  970 метри квадратни, има две фонтани и мал амфитеатар.По целата должина ,плоштадот е обложен со гранитни и бехатон плочки и  камени коцки.Поставени се клупи за седење, канти за отпадоци, а целиот простор е хортикултурно уреден и осветлен според најсовремени стандарди. Овој крупен зафат, кој чини 8.688.925,оо денари , на барање на Локалната самоуправа, го реализираа охридските јавни претпријатија и фирмата „ Дуелма“ .
Посебен печат на овој простор, кој ќе биде собиралиште за одмор и релаксација на охриѓани и туристите, ќе му даваат двете фонтани, особено поголемата , која е оплемената со мозаиците „ четири рајски реки“ кои се дело на уметникот Никола Упевче.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *