ДЕНОВИВЕ ОХРИД Е ЦЕНТАР НА МЕЃУНАРОДНИ СПОРТСКИ СЛУЧУВАЊА

Охрид деновиве пулсира во спортски дух. Како  дел од политиките  за спортско заживување на градов и враќање на младите на спортските терени ,локалната власт максимално во рамки на своите можности  ги поддржа двата крупни меѓународни спортски настани , Фер плеј Купот  во детски фудбал „Охрид 2015“ и Европското  кошаркарско Првенство за жени до 16 години што  деновиве  се одржуваа во Охрид. Завршните натпревари за двата настани ќе се одиграат вечерва на терените на СРЦ „Билјанини извори“.

Над 2000 деца односно 144  фудбалски екипи од  Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Хрватска, Бугарија и Грција се дел  од   еднонеделниот  Фер плеј куп – “Охрид 2015“  што денеска  се   заокружува со завршни  натпревари кои се одржуваат на  стадионот при СРЦ „Билјанини извори“.   Сите 144 фудбалски екипи бесплатно  во текот на 5-те дена   ги користеа терените на СРЦ „ Билјанини Извори“ . Ваквиот чекор на општината позитивно беше прифатен од младите фудбалери од неколкуте балкански земји кои велат дека повторно ќе се вратат во преубавиот Охрид.   Денеска во 18 часот на стадионот  „Билјанини извори“ ќе бидат прогласени најдобрите  четири екипи а ќе се доделат и благодарници за помагателите и учесниците во натпреварите .   Репрезентативецот Митко Стојкоски  на најдобриот голман ќе му ја врачи  наградата  која го носи името на трагично загинатиот Петар Милошески.

Денеска во салата при СРЦ “Билјанини извори“  завршува и Европското првенство во кошарка за жени до 16 години. Завршниот натпревар започнува во 21 часот   помеѓу екипите на Литванија и Белорусија.  Организаторот на настанот Кошаркарската Федерација на Македонија презадоволна од  поддршката што ја добила од општина Охрид, бесплатните тренинзи и  останатата логистичка поддршка за успешна реализација на настанот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *