ПОЗИТИВНИТЕ ВИБРАЦИИ НА „БАСКЕРФЕСТ“ ЌЕ СЕ ПОЧУВСТВУВААТ ВО ОХРИД

Караванот за кого велат дека носи среќа, за првпат оваа година ќе гостува во Охрид. Најпосетениот уличен театар „Баскерфест“ на 28-ми и 29-ти Јуни, на Градскиот плоштад и низ охридската чаршија со своите несекојдневни перформанси ќе ги забавува охриѓани и туристите. Со повеќе од 150 улични артисти, музичари и театри „Баскерфест“ на посетителите ќе им понуди несекојдневно искуство и незаборавна забава, пантомима перформанси, претстава, музика во живо, улични танчери, ликовни изложби, креативни активности – вистински сплет на културни, забавни и уметнички содржини.
Уличните фестивали се значајна културна атракција во многу земји, а благодарение на „Баскерфест“ во листата се вклучува и Македонија. „Баскерфест“ е првиот меѓународен и мултикултурен уличен фестивал кај нас, признат како најголем настан од ваков вид во регионот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *