ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ ПО ПОВОД РАМАЗАН БАЈРАМ

Градоначалникот Никола Бакрачески, по повод големиот верски празник Рамазан Бајрам, упати честитка до граѓаните со муслиманска вероисповед, во која им посакува добро здравје, радост и бериќет во нивните семејства.

-Нека Ви е чесит  и вековит големиот верски  празник Рамазан Бајрам.  Ви посакувам славењето на  да го поминете заедно со семејството и пријателите  во атмосфера на радост,  мир, благосостојба и меѓусебно почитување.Ваквите големи празници не потсетуваат дека без разлика на потешкотиите треба да одиме по вистинскиот пат и постојано меѓу луѓето да владее слога и почитување без разлика на религиската, верската, или каква било друга определба.Да ги искористиме религиите и верските уверувања за убави нешта, за продолжување на столетната традиција на пријателство, единство и хармонија во заедничкото живеење. Само така,  можеме да придонесеме за мирен соживот и почитување, како основа за градење на подобра иднина на Охрид и Република Македонија- стои во честитката на градоначалникот Никола Бакрачески ,упатена до граѓаните со муслиманска вероисповед,  по повод големиот верски празник Рамазан Бајрам.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *