Собранието изгласа продолжување на кризните состојби со струјата и парното

Собранието денеска изгласа продолжување на рокот на кризните состојби поради недостиг на електрична енергија на територијата на цела држава, како и поради недостиг на топлинска енергија во Скопје.

Со 83 гласа „за“, ниту еден „против“ и ниту еден „воздржан“ беше изгласано продолжувањето на рокот на постоење на кризна состојба со електрична енергија на целата територија на Македонија, а со 86 гласа „за“, ниту еден „против“ и ниту еден „воздржан“, беше изгласано продолжување на кризна состојба со топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје.

Кризната состојба истекува денеска и за продолжување мораше да одлучи парламентот.

Со кризната состојба на владата ѝ се дава можност полесно да набавува струја, да ограничува потрошувачка или, ако треба, да воведе рестрикции.

Радио Слободна Европа