ОТВОРЕНО 55-ТО ИЗДАНИЕ НА ФЕСТИВАЛОТ „ОХРИДСКО ЛЕТО“

Градоначалникот Никола Бакрачески синоќа на сцената на Античкиот театар во Охрид ја  проследи спектакуларната изведба на сценската кантата „Кармина Бурана“ од Карл Орф, на ансамблот Ла фура делс Баус од Шпанија ,со што  свечено  беше  отворено 55-то  издание на најголемата музичко -сценска манифестација – фестивалот „Охридско лето“.

Бројната публика со восхит ја проследи музичко сценската изведба на  повеќе од 150 изведувачи, каде покрај музички беа вклучени и видео ефекти, вода, воздух, оквири  а извонредниот перформанс на уметниците  беше награден со неколку минутни  овации кои завршија  со бис. Музичката изведбата беше  под диригентската палка на Хозе Висент, а во придружба на оркестарот на Македонската опера и балет и Македонската филхармонија.

Фестивалот  „Охридско Лето“ е финансиски поддржан од Министерството за култура и од општина Охрид.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *