ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ НА СВЕЧЕНИОТ ПРИЕМ ПО ПОВОД ПОЧЕТОКОТ НА „ОХ0РИДСКО ЛЕТО“

Градоначалникот  Никола Бакрачески,  вечерва  во Охрид присуствуваше на свечениот прием  што по повод почетокот на  55-то издание  го  организира фестивалот „Охридско Лето“.На случувањето присуствуваа  претставници од јавниот и политичкиот живот  од земјава и странство.

Годинешното издание на фестивалот „Охридско Лето“  ќе биде отворено утревечер  на сцената на античкиот театар  со музичко- сценскиот спектакл „Кармина Бурана“.

Делото на Карл Орф ќе го изведе светски познатиот ансамбл од Шпанија „Ла Фура делс баус“, кој во 1992 година ги отвори Олимписките игри во Барселона. Како режисер на овој мултимедијален настан ќе се потпише познатиот  шпански режисер Карлус Падриза. На сцената на античкиот театар  ќе настапат звучни актерски и оперски имиња од Шпанија,а за музичкиот дел ќе биде задолжен оркестарот на Македонската опера и балет и Македонската филхармонија под диригенство на Василиј Корошев од Русија и Јозеф Винсет од Шпанија.

Во рамките на јубилејното издание на  најпрестижната музичко –сценска  манифестација предвидено е да се реализираат 30 музички настани, 14 театарски претстави и 7 ликовни изложби.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *