Делегација на Општина Охрид положи и свежо цвеќе пред спомен обележјето на Илинденците во Градскиот парк и кај Прентов мост

Со полагање на свежо цвеќе пред спомен обележјата на хероите од двата Илиндена и со пригодна празнична програма, го одбележавме 2. Август – Денот на Републиката.
Заедно со претседателот на Советот на Општина Охрид, Сашо Донев, и советничката Живка Ангелоска, се поклонавме пред спомен облежјата на Илинденците во Градскиот парк.
Делегација на Општина Охрид положи и свежо цвеќе пред спомен обележјето на Илинденците кај Прентов мост. Исто така, општинска делегација положи свежо цвеќе и на споменикот во село Плаќе, каде што се одржа историски час и културно-уметничка програма посветена на празникот, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.