Се санирет улиците ,,Илинденска” и ,,Кузман Капидан”

Денес, 02.07.2015 година по налог на Локалната самоуправа екипите на ЈП “Градски Гробишта” Охрид започнаа со зафат за санирање на дупки на улици во стариот дел на градот, поточно улиците “Илинденска” и “Кузман Капидан”. Санацијата се планира да заврши до крајот на идната недела.

Во меѓувреме продолжува работата на тротоарот кој се прави на ул. 15ти Корпус на потегот од поранешната фабрика ”Застава” до бензиската Макпетрол кај Градските Гробишта во Охрид.

Исто така, тековно се работи на хортикултурно уредување и санација на просторот низ градските гробишта во пресрет на престојните верски празници.

1 (1) copy 1 (2) copy 1 copy

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *