МЕТАЛУРГ ОРГАНИЗИРАШЕ ПРОСЛАВА

Металург вчера организираше прослава што долго ќе се памети. Поминавме неколку незаборавни часови со нашите навивачи, кои ја исполнија “Автокоманда“ до последното место, а уште неколку стотици останаа надвор во просторот подготвен за нив.

Најпрво, се одигра ревијалната средба меѓу Металург и Металург Јуниор. Беа одржани пригодни говори на наши ракометари, на нашиот тренер и на нашиот спонзор. Потоа достоинствено се простивме од тројца наши ракометари, за да на крајот почне вистинската забава и дружењето со нашите навивачи и поддржувачи. Уште еднаш покажавме колку ни значат навивачите и колку ја цениме нивната поддршка. Како што рече Лино Червар, вчера бевме едно семејство.

Освоената титула гарантира нови возбудувања во Лигата на шампионите и веќе отсега со големо нетрпение ќе го чекаме моментот кога во СА “Борис Трајковски“ повторно ќе ечи песната на нашите навивачи.

Во текот на денешниот ден ќе поставиме голем број материјали врзани за вчерашниот исклучителен настан.MAJ_0099_resize.jpgff MAJ_0188_resize.jpgdsd

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *