СЕ ОДРЖА ТРАДИЦИОНАЛНИОТ РАКОМЕТЕН ТУРНИР ЗА ПИОНЕРИ

Изминатиот викенд ЈП „Билјанини извори“ по трет пат го организираше
традиционалниот ракометен турнир за пионери,  под
покровителство на општина Охрид а во соработка со ракометните клубови на
Охрид и Моби Дик.

На турнирот учествуваа четири екипи во конкуренција на жени и шест екипи во
конкуренција на мажи – пионери. 
Во категоријата жени – пионери триумфираше
екипата на РК „Стружанка“ која ја победи соодветната екипа на РК „Моби Дик“,
додека во малото финале славеше гостинот од Србија екипата на РК „Радан“
победувајќи ја екипата на РК „Гого“ од Кичево.

Во конкуренција на пионери мажи РК „Јуниор“ од Струга го освои првото место
победувајќи ја соодветната екипа на РК „Струга“, третото место го освои
екипата на РК „Филип – Вардар“ од Прилеп победувајќи ја екипата на РК „Охрид“.

ЈП „Билјанини извори“ во континуитет, преку организирање на ваквите спортски
турнири за сите категории на спортисти со посебен акцент на помладите ќе
вложува во развојот како на сите спортови така и во развојот на најмладите
категории спортисти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *