Битиќи Bitici bitiki

Северна Македонија е на мапата на земји со најатрактивна средина за инвеститори

На настанот, покрај вицепремиерот Битиќи, се обратија и амбасадорката на Соединетите Американски Држави во нашата зема Кејт Мари Брнз, и Дејвид Бургер, заменик шеф на мисијата во Амбасадата на САД во Република Грција.

Првата трговска мисија на компании од Република Грција во Република Македонија, во организација на Американската Стопанска Комора во Македонија и Американско-грчката стопанска комора собра повеќе од 30 компании и од двете земји кои имаа пред кои беа презентирани можностите за соработка и проширување на нивните потенцијали за развој врз основа на погодностите за инвестирање кои ги нуди нашата земја, преку различните програми за државна помош и преку Законот за стратешки инвестиции.

„Пред неколку години ги избришавме разликите меѓу домашните и странските компании. Сите компании кои работат во нашата земја добиваат исти можности. Да се аплицира и да се добие државна помош е процес кој е целосно отворен и транспарентен. Секоја компанија, секоја засегната страна е однапред свесна за поддршката што може да ја очекува при инвестицијата. Ова создава предвидливост и стабилност за водење бизнис во нашата земја и што е најважно, создава добра бизнис клима за инвеститорите, што ги поместува нашите граници и ја става Северна Македонија на мапата на земји со најатрактивна средина за инвеститори.

Фокусирани сме на преобликување на нашата економија преку донесување на повисоко платени работни места и производство на производи со повисока додадена вредност, со поддршка до 50% од вкупните инвестициски трошоци за центрите за истражување и развој на компанијата како дополнување на веќе одобрените 50% поддршка на инвестицијата во производство. Пакетите за поддршка вклучуваат 10-годишно даночно ослободување на корпоративниот и персоналниот данок на доход. На страната на готовинскиот грант обезбедуваме 20% поврат на капиталните инвестиции како и грант за секое отворено работно место“, изјави Битиќи.