ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА НА ЕГИПКАНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ОГРАНИЧЕНО СЕ ПОЧИТУВААТ, ВРЕМЕ Е ЗА НИВНА ЦЕЛОСНА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА

ОТВОРЕНО ПИСМО ПО ПОВОД 10 ДЕКЕМВИ-МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН АН ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

Човековите права и слободи, кои во суштина се и столбот на ДЕМОКРАТИЈАТА и нејзините вредности,. за жал, во Македонија, особено кога се однесува на припадниците на етничката заедница Египкани, истите или грубо се прекршувани или во најблага форма се почитувани во ограничена форма.

Ако, се нотира фактот , дека Македонија има ратификувани Мегународни договори, од областа на човековите права и слободи, а согласно тоа и обврзана истите да ги почитува и спроведува, доагаме до една многу чуствителна околност, особено кога се во прашање интеграцијата на Египканите, правичната и соодветна застапеност, институционалната интеграција, фер шанса за сите, подеднакво плодоуживање на сите ресаурси.

Денес, ако ја нотираме и самиот факт , дека Египканец/ка нема ниту 1 вработен согласно Охридскиот Рамковен Договор, сосема е јасно на која положба се позиционирани Египканите, во едно мултиетничко и хетерогено општество, како што е Македонското, т.е. на самите маргини.

Почитување на човековите права и слободи, е врвна цивилизациска придобивка, и ако навистина сакаме да бидеме рамноправен дел од ЕУ, прво и основно треба дома да ја завршиме домашната работа, односно , тука во заедничката држава Македонија, да почнеме да ги применуваме вистинските Европски вредности и цивилизациски придобивки.

Не можете да се надевате на влез во ЕУ, ако дома имате маргинализирани и обесправени етнички заедници, ако имате незадоволни несрекни грагани, на кои не им е дадена можноста на фер шанса итн. Овие, аргументи, се произнесени и пред мегународната заедница, и пред највлијателните Амбасади, кои пак од нивна страна и ги потврдиле како точни и веродостојни.

Останува борбата и надежта дека сепак , Египканите ке бидат рамноправно и еднакво третирани и дека ке се почитуваат нивните човекови права и слободи.


Lakin ola bilsin, 1xbet azerbaycan bonus seçiminin çoxluğu və cəlbediciliyi müvəqqəti də sizə bonus seçməkdə çətinlik yaradır. Mostbet’s bot monitors mostbet casino only those domains when a webmaster interacts. Bölgəni düzəltdikdən sonra pin up azerbaycan App Store-a daxil olun və yenidən səy edin. Artıq balansınıza para mostbet az qoya, maraqlandığınız bölməni seçib qazancları əldə etməyə başlaya bilərsiniz.