Уапсен Бугарин – автобуската несреќа ја нарече огнено шоу со македонска скара

Бугарското Министерство за внатрешни работи соопшти дека во Софија е уапсен 24-годишен маж поради неговите коментари на Фејсбук за трагедијата со македонскиот автобус на автопатот Струма, во близина на Боснек.

Како што објави БТВ, мажот ќе подлежи на истрага за ширење омраза врз национална основа. За вакви прекршоци законот предвидува казна затвор од една до 4 години и глоба од 2,5 илјади до 5 пет илјади евра, како и јавно извинување.