ЈП “Градски Гробишта” Охрид 27.04.2015 активности

Денес, 27.04.2015 година се планира да завршат работните активности кои оперативата на ЈП “Градски Гробишта” Охрид ги извршува на санацијата на холандскиот парк кај споменикот на А. Ден Долард. Воедно, исто така во теков на денешниов ден се планира да завршат и зафатите од страна на нашите екипи на изградбата на спортско игралиште за одбојка на песок во населба Воска, после што продолжува ЈП “Охридски Комуналец” со хортикултурно уредување на просторот околу игралиштето.
Исто така, денес екипите од Одделението за градежни работи на ЈП “Градски Гробишта” Охрид започнуваат со работни активности за поставување на парковски ивичњаци во должина од 420 метри на патеката која се гради од “Кај Мостот” до “Парк”.
Продолжуваат стандардните тековни активности за одржување на чистотата и хортикултурната уредност на градските гробишта особено во овој пролетен период и добри временски услови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *