ЗАПОЧНУВААТ СВЕЧЕНОСТИТЕ ПО ПОВОД 110 ГОДИНИ ОД ХЕРОЈСКАТА СМРТ НА ХРИСТО УЗУНОВ

Свеченостите по повод одбележувањето на 110 години од херојската смрт на Христо Узунов, што ги организираат Општина Охрид и институциите што го носат неговото име, започнуваат утре (23.04.2015 г.) во 12 часот во неговата Спомен куќа. Во 13 часот, на малиот плоштад кај поранешната градска библиотека, ќе се одржи манифестацијата „ Акорди и стихови за Христо Узунов“, а во Центарот за култура „ Григор Прличев“  во 18 часот и 30 минути ќе се одржи изложба на ликовни творби од ученици  од ОУ „ Христо Узунов“ , а во 19 часот ќе има Свечена приредба  на училиштето по повод нивниот патронен празник.
Во петок на 24 април во 9 часот ќе биде положено свежо цвеќе на споменикот на Узунов  во градскиот парк , а во 11 часот ќе се одржи поклонение за војводата на местото на неговата херојска погибија во селото Цер- Кичевско.

ПРОГРАMА:

23.04.2015 г. (четврток)

Историчарите во чест на Христо Узунов

                – Пригодна реч на Наташа Котлар, историчар во Институтот за национална историја и презентација на книгата „Спомени“ од Ангел Узунов
– Промоција на ќесето на  Христо Узунов во историската поставка, промотор  Горан Митрески, кустос во Спомен – куќата на Христо Узунов

Време : 12 .00  часот
Место : Спомен -куќа на Христо Узунов

Акорди и стихови во чест на  Христо Узунов

                – Ученички  хор при ОУ „Христо Узунов“
– Обраќање на градоначалникот на Oпштина Охрид и врачување награди на првонаградените  ученици на литературниот и ликовниот конкурс по повод патрониот празник на ОУ „Христо Узунов“
– Читање на првонаградената литературна творба
– Ритмичка точка  на ученици од ОУ „Христо Узунов“
– Музичка изведба на  ансамбл „Билјана –јуниор“

Време : 13 .00  часот
Место : Мал плоштад  (поранешна градска  библиотека)

Изложба на  ликовни творби на  ученици од ОУ „Христо Узунов“

Време : 18.30  часот
Место :  НУ Центар за култура „Григор Прличев“, изложбен салон

Свечена приредба на ОУ „Христо Узунов“ по повод патрониот празник

Време : 19.00  часот
Место :  НУ  Центар за култура „Григор Прличев“, кино – сала

24.04.2015 г. (петок)

Полагање  цвеќе пред спомен-обележјето на Христо Узунов

 Време : 09 .00 часот
Место : Споменик на Христо Узунов, градски парк

Поклонение за војводата   на местото на неговата херојска  погибија во Цер

                – Панихида за Христо Узунов
– Културно-уметничка програма
– Полагање цвеќе  на  спомен-обележјето на Христо Узунов

Време: 11.00 часот
Место: с.Цер-Кичевско

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *