БАКРАЧЕСКИ НА СРЕДБА СО ЖИТЕЛИТЕ ОД УЗ ВОСКА

Како добра практика за подобра комуникација со граѓаните, која градоначалникот Никола Бакрачески ја применува од неговото доаѓање за градоначалник, денес, оствари средба со жителите на Урбаната заедница Воска.

Ваквите средби претставуваат извор на идеи и проекти кои се од круцијално значење за жителите, како и можни решенија за нивните проблеми од секојдневието. На ваквите средби покрај градоначалникот и неговиот тим од Локалната самоуправа, присуствуваат и сите директори од Јавните претпријатија кои произлегуваат од Локалната самоуправа.
Овај начин на работа на градоначалникот придонесува за реализација на приоритетните проектите, како и за побрзо и поефикасно решавање на проблемите на жителите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *