ЈП „ БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ“ ГИ ВРАЌА НАСЛЕДЕНИТЕ И НЕ ПРАВИ НОВИ ДОЛГОВИ

На денешната  прес конференција, директорот на ЈП „ Билјанини извори“ Ристе Мишев, на јавноста и ги презентира позитивните резултати од работењето на претпријатиетово изминатите две години. Тоа е  период во кој новото раководство се соочи со бројни потешкотии во елементарното функционирање кое беше последица  од наследените долгови од минатото, но сепак успеа да го стопираме задолжувањето, да го намали вкупниот долг, редовно да се  исплаќаат плати, но и да се обезбедат средства кои се инвестираа во нови објекти кои ќе останат за идните генерации.

-Пред речиси две години новата власт ја намали цената па паркирањето во центарот на Охрид од тогашните 50 на 20 денари за час , со што паркирањето стана подостапно за граѓаните, а паркинзите ги врати на стопанисување на ЈП „ Билјанини извори“, со што се направи основа за идно стабилизирање на приходите, од кои сега доаѓа најголемиот дел од приливот на финансии во претпријатието.

Во минатите две години се подготви документација и проект со кој се обезбедија средства од ФФМ за изградба на фудбалскиот терен на вештачка трева, капитална инвестиција за претпријатието вредна 300.000 евра, која покрај тоа што носи приход во касата на претпријатието, носи шанса и бенефит за охридскиот туризам бидејќи привлекува екипи од земјите од регионот кои доаѓаат во Охрид да тренираат во зима од што корист имаат  и туристичките работници- рече Мишев.

Благодарение на Локаланта самоуправа , претпријатието доби вреден двокатен автобус кој е донација од Владата на Република Македонија, а го  изнајмуваат туристичките агенции во летиот период, со што  се остваруваат значајни приходи во буџетот на претпријатието.

-Треба да се потенцира  и договорот кој го имаме потпишано со Локаланта самоуправа и градоначалникот Никола Бакрачески,  со кој се субвенционираат речиси сите спортски клубови  за одржување тренинзи, а за нашето претпријатие се обезбедуваат дополнителни 2. 674. 000,00 денари.Со максимални залагања за штедење, искоренување на непотребните трошоци и домаќинско работење се успеа вработените да почнат секој месец да примаат плата и времињата на донцнење на платите со месеци се минато, а успеавме и вкупниот долг на претпријатието да го намалиме за 2.204.422 денари, што претставува првпат ова претпријатие да дојде до фаза да намалува наместо да сосздава нови долгови- објасни Мишев.

Со помош и лобирање на градоначалникот, како што реше Мишев,  Охрид беше  домаќин на Европското првенство во ракомет за кадетки,  на финалето на Ракометниот куп на Македонија, на „ Гимназијада 2014“ , на кошаркарскиот меѓународен  турнир „ Трофеј на Македонија 2014“ ,Балканското првенство во сениори во карате, како и на синдикалните игри на повеќе синдикати и ред други спортски настани. Во ракми на проектот „ СПОРТСКО ЛЕТО- СПОРТ ЗА СИТЕ“ се одржаа и ревијалните наптревари во Ватерполо кој се играат две години по ред меѓу вечните ривали Охрид и Струга, а се организира и пливачкиот митинг  св. Климент Охридски. Се одржа и хуманитарен ревијален фудбалски нпатревар на ветераните на ФК Охрид и репрезентациајта на Македонија, како и Детската лига во која учествуваа дури 27 екипи од Македонија. Беа организирани и гостувања на фестивалите „Златно славејче“ и „ Супер ѕвезда“ .

-Со задоволство  најавувам дека ова лето од 20 до 26 јуни во Охри ќе престојува најдобрата светска ракометарка Андреа Лекиќ која ќе организира ракометен камп во Охрид, во кој ќе престојуваат и тренираат ракометари од 12 европски земји .Ќе се одржи кошаркарскиот турнир „ Трофеј  на Македонија 2015“, а Охрид ќе биде домаќин и на Европското кошаркарско првенство за млади, истакна директорот на ЈП „ Билјанини извори“ Ристе Мишев . Тој додаде дека претпријатието  веќе преговара со некои продукциски куќи кои пројавија интерес за закуп на објектите на кои планираат да организираат концерти во текот на престојната туристичка сезона, преку што ќе се обезбедат дополнителни приходи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *