ЈП „ГРАДСКИ ГРОБИШТА“ СО ПОЗИТИВНИ ФИНАНСИСКИ ЕФЕКТИ

Со  домаќинско  работење  и покрај наследените долгови од  10 .000. 000,00 денари и неисплатени плати во износ од 3. 000. 000,00 денари ,  Јавното претпријатие  „Градски гробишта“   успеа да се консолидира и покажа позитивни финансиски ефекти и тоа за 2013 година во износ од 3. 377. 181,00 денари и 4. 390. 925,00 денари за 2014 година – ова на денешната прес конференција го обелодени директорот на претпријатието, Зоран Симоноски.

  –  Во ЈП “Градски гробишта“ воведен е  нов начин на  работа . По налог на  актуелната локална власт  за прв пат   како претпријатие со   своја градежна група се вклучивме  во реализација на дел од проектите на Општина Охрид. Парите по извршената работа  наместо  во приватни фирми како што тоа беше пракса претходно  почнаа да  се  слеваат  кај нас.    Тие активности   во изминативе 2 години на претпријатието   му донесоа  приходи  во износ од околу 8.500.000, 00 денари.  Исто така  воведовме контрола на документацијата  во смисла на откривање на таканаречените пасивни корисници кои смислено имале ваков статус како не би плаќале гробарина. Работевме на откривање на продадени гробни места без докуметација и други услуги кои што воопшто не биле фактурирани од страна на јавното претпријатие кон комитентите.  Ги  намаливме  и  цените на гробни места и гробарина  за 12% по гробно место и 18% просечно по сметка. Почнавме сами да произведуваме ,  украсни столбчиња,коловозни рабници,плочки и други потребни материјали,  истакна Симоноски кој во мерките за консолидација на претпријатието ги наведе и  транспарентното  и законско издавање на тезгите и ресторанот што резултирало  со сериозни разлики во висината на добиени понуди во однос на претходните години.
Директорот Симоноски  на денешната средба со новинарите посочи  дека и покрај наследената тешка финансиска состојба редовно се подмирувале тековните обврски а исплатени се околу 7. 000.000,00 денари или околу 70% од заостанатите односно наследени долгови на јавното претпријатие.

-Во април 2013 година  затекнавме состојба со заостанати долгови во висина од  10.000.000,00 денари, неисплатени плати  во износ од 3. 000. 000,00 денари , долг  кон  УЈП во износ од  1. 700. 000,00 денари  и обврски  по основ на   доверители , добавувачи,камати,консултантски услуги,банкарски провизии и комунали во износ од 5. 300.000,00 денари. Завршната сметка за 2012  година беше со  салдо од  –  2. 075. 142,00 денари.   Претходното раководство спроведувало  набавка на материјали без тендер спротивно од закон а не се  фактурирале  и не се  наплаќале разни видови на услуги кон  погребални оператори,каменоресци и физички лица, посочи Симоноски.

 Јавното Претпријатие „ Градски гробишта“ во изминатиов период учествуваше воуредување на влезот  во Охрид , во изградбата на спортското  повеќе наменско игралиште во населба Лескајца, во санацијата  на училиштата во с. Ливоишта,Велгошти,Лескоец ,ОУ„ Братство Единство“,ЕМУЦ  „Св. Наум Охридски“, во изградбата на паркинг просторот  кај Долни Сарај,  во  изградбата  на неколкуте плоштади  а беше дел и  од  многу други  градежни зафати кои изминатиов период  се реализираа во Охрид.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *