ОХРИЃАНИ ЌЕ ДОБИЈАТ СОВРЕМЕНО УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ

Со изгласување на одлуката за избор на приватен партнер започнува постапката за модернизирање на јавното осветлување во Охрид. Осовременувањето на уличното осветлување ќе го врши реномираната компанија ИЦС Системи од Чешка, која уличното осветлувањето ќе го добие на 15 години користење. 
Согласно физибилити студијата, приватниот партнер ќе има обврска да инвестира 3 милиони и 570 илјади евра во модернизација на системот за осветлување. Тоа вклучува замена на постоечките светилки вкупно 7 627, со лед енергетски ефикасни светилки и дополнителна изведба на 620 нови сијалични места. Замена на постојните конзулни држачи кои се поставени на дрвени столбови вкупно 4 000, со метални столбови кои што  по стандарди одговараат за улично осветлување. Во стариот дел на градот, покрај кејот и некои други локации кои што општина Охрид ќе ги утврди ќе се постават  461 светлечки фенери кои ќе бидат автентични и препознатливи за градот. Понатака, ќе бидат поставени 103 рефлектори кои ќе служат за илуминација на значајни објекти низ Охрид и дополнително вградување на 49 подни рефлектори кои исто така ќе служат за илуминација на објекти. Во илуминацијата е вклучена и изградбата на мониторинг станица од каде што ќе се одржува и контролира осветлувањето. 
Општина Охрид со досегашниот начин на управување на уличното осветлување инкасираше околу 1 милион евра. Од нив околу 800 илјади евра веднаш се префрлаа кон ЕВН Македонија на име потрошена електрична енергија за одржување на системот. Дополнително околу 120 илјади евра ја чини општина Охрид годишното одржувањето на осветлувањето. Како слободни пари што остануваа кои Локалната самоуправа може да ги користи за реализација на други проекти се до 70 до 90 илјади евра во текот на годината.
Покрај тоа што, Охрид ќе добие современо и модерно улично осветлување со лед светилки, дополнително општината од партнерот ќе добива по 222 200 евра годишно кои ќе можат да се користат за други проекти.
По завршување на договорот, целиот систем функционален ќе припадне во владение на општина Охрид.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *