ЗАВРШИ ПРОДОЛЖЕНИЕТО НА ДВАЕСЕТ И ТРЕТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

Советот на општина Охрид, на продолжението на прекинатата дваесет и трета седница, денес даде согласност за одлуката на Управниот одбор на ЈП „Билјанини Извори“ за усвојување на физибилити студија и на одлуката за започнување на постапка за доделување на Договор за воспоставување на јавно- приватно партнерство за имплементација на електронски систем за организирање и наплата за паркирање на јавните паркинг простори.

Советниците го прифатија извештајот за остварување на Буџетот на општина Охрид за периодот од 01.01. до 31.03.2014 година, како и тримесечните извештаи за реализација на Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид, за реализација на Програмата за поддршка на локалниот економски развој, за реализација на развојната Програма за изработка на урбанистички планови, за реализација на развојната програма за уредување на градежно земјиште , за реализација на развојната програма за изградба и реконструкција на локални патишта и улици, за реализација на програмата за јавна чистота, за реализација на развојната програма за јавно осветлување , за реализација на развојната програма за изградба на системи за водоснабдување, за реализација на развојната програма за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води, за реализација на програмата за изградба на сообраќајна сигнализација, за реализација на програмата за одржување и користење на паркови и зеленило и извештајот за реализација на Програмата за развој на Југозападниот плански регион и тековното работење на Центарот за развој, годишната сметка и годишниот финансиски извештај за 2013 година.

Беа прифатени и тримесечните извештаи за работењето на РЕ „ Водовод“ , ЈП „Охридски комуналец“ , ЈП „Нискоградба“ , ЈП „Градски гробишта“ , ЈП „Погребни услуги“ , ЈП „Билјанини извори“ и ЈП „ Градски пазар“ . На седницата беа дадени согласности за покренување иницијатива за оформување автопазар, за измена и дополнувања на Статутот и за утврдување на висината на надомесстокот на услугите што ги врши ЈП „ Градски пазар“ .

Беа донесени и одлуките за авто-такси превоз на патници во општина Охрид,за отпочнување на постапка за стечај на туристичко биро „ Лихнидост“ ДООЕЛ Охрид, за усвојување на измените и дополнувањата на Развојната програма за изработка на урбанистички планови за општина Охрид во 2014 година, за утврдување на почетната цена за поставување на рекламни паноа- билборди и за пренесување право на сопственост на движни ствари од општина Охрид на ЈП „Градски гробишта“ Охрид.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *