УРЕДЕН Е ДРВОРЕДОТ НА УЛИЦА “7-МИ НОЕМВРИ“

Екипи на ЈП “Охридски комуналец”,денеска ја  завршија акцијата за средување на дрворедот по ул.”7-ми Ноември” на потегот од поранешната фабрика “Отекс” до ОЕМУЦ ”Св.Наум Охридски”. Извршено е санирање на вкупно 86 стебла од постоечкиот дрворед од јавори , лево и десно од коловозот, со уредување на крошните и кастрење на гранки. 
Согласно програмата за јавно зеленило за 2015 година,следна планирана активност на територијата на општина Охрид е уредување на дрворедот покрај пешачката патека по Кеј “Македонија“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *