ОХРИД НАСКОРО ЌЕ ГО ДОБИЕ ЗАТВОРЕНИОТ ЗЕЛЕН ПАЗАР

-По усвојувањето на Одлуката за избор на приватен партнер за изградба на административно деловно трговска зграда во чиј склоп ќе биде и покриениот зелен пазар, од страна на Советот на општина Охрид, ќе се пристапи кон потпишување договор со партнерот, со што за кусо време ќе започне реализацијата на овој капитален објект. Реализацијата на овој објект се најавува дваесетина години, а минатото раководство на Локалната самоуправа го ветуваше во сите свои 8 години од мандатот, односно нудеше затворен пазар осум пати, значи Охрид требаше да добие вкупно 8 пазари.За разлика од нив, новото локално раководство на чело со градоначалникот Никола Бакрачески, со упорна работа и посветеност ги реши проблемите што тие ги оставија и еве за кусо време ќе стигнавме до реализација на проектот.

Се прашувате зошто никој досега не го изградил овој пазар и никој не смогнал сили да го реализира овој проект. Веднаш по доаѓањето на оваа локална власт, се соочивме со голем проблем, бидејќи постојната зграда на ЈП „ Градски пазар“ минатата власт ја ставила под хипотека кај една банка за добивање кредит за ЈП „ Охридски комуналец“ . Бевме соочени со опасноста од брзо активирање на хипотеката, бидејќи кредитот не се враќал. Прво што направивме по преземањето на Локалната самоуправа, а следејќи го ветувањето градоначалникот Никола Бакрачески, заедно со менаџментот на ЈП „Охридски комуналец“ го репрограмиравме тој кредит и на тој начин ја спасивме сегашната зграда и сега редовно се исплаќаат ануитетите. Следен чекор беше разгледување на деталниот урбанистички план за тоа место, кој што некој намерно не го донесувал за да не може да се изгради затворениот зелен пазар. Градежните парцели влегувале во приватни имоти, со намера да се ископлицира целата постапка . Сето тоа ни одзеде многу енергија, многу време и многу посветеност. Успеавме со напорна работа како тим да ја исчистиме парцелата од сите имотно правни товари. Понатаму откога добивме чиста градежна парцела, редот на нештата бараше согласност од Владата на Република Македонија, најпрво за парцелите кои што беа во државна сопственост, за да можеме на нив да се гради, а потоа од Владата добивме согласност за воспоставување на јавно- приватно партнерство.
Јавното претпријатие „ Градски пазар“ распиша тендер и избра фирма која што изработи квалитетна физибилити студија, а целата постапка, како никогаш досега, се водеше крајно транспарентно. По таа физибилити студија, за жал објавивме два неуспешни тендери на кои никој не се пријави, но нашата желба за изградба на затворен зелен пазар тука не престануваше, па затоа на третата објава се пријави реномираната македонска компанија „ Илинден“, фирма со бонитет, фирма за која што ни сегашната опозиција не најде збор да ја оспори. Горди сме и среќни што општина Охрид ќе стапи во јавно приватно партнерство со реномирана македонска компанија, чии што финансиски показатели покажуваат дека е една од најбонитетните македонски градежни компании. Тоа не прави среќни и горди и како тим и како Локална самоуправа, а горди и срќни ќе бидат и граѓаните.
Што добива Охрид? . Охрид конечно добива затворен зелен пазар, убав објект кој што ќе биде белег на градот, објект за кој генерациите ќе прераскажуваат дека е изграден и направен по сите стандарди. Објектот ќе биде на четири нивоа. Во подрумски дел каде што ќе бидат изградени 100 паркинг места, 10 паркинг места ќе им бидат дадени на трајно користење на општина Охрид и ЈП „Градски пазар“. Квадратурата на приземјето е 1. 913 метри квадратни од кои 1. 230 метри квадратни нето површина ќе припадне на затворениот зелен пазар, односно на општина Охрид и ЈП „ Градски пазар“, а 683 метри квадратни ќе бидат наменети за ходници и други помошни простории. На првиот кат на објектот ќе се изградат 2 .433 метри квадратни сопственост на приватниот партнер, а на вториот кат 200 метри квадратни ќе добие општина Охрид. На постојната зграда која ја спасивме од хитопотеката, приватниот партнер се обврзува да ја изгради фасадата и да го реконструира кровот кој што сега протекува и создава сериозни проблеми во функционирање на службите на јавните претпријатија. Приватниот партнер ќе изведе и етажна плоча на просторот каде што во моментов се продава текстил, што значи дека јавното претпријатие ќе добие простор на две нивоа. Приватниот партнер ќе треба да обезбеди 6 месечни плати за вработените во јавното претпријатие „Градски пазар“ за периодот на преселбата и изградбата. Негова обврска е да постави 190 тезги по ХАСАП систем и целосно да го опреми затворениот зелен пазар и да ги финансисра сите проекти вклучувајќи го основниот и конечниот градежен проект, со надзорот и целосната постапка за градба.
Оваа Локална самоуправа на чело со градоначалникот Никола Бакрачески, за разлика од нашите претходници, не запира тука, туку продолжува посветено да работи на сите капитални проекти кои што ги ветивме. Изградбата на затоврениот зелен пазар е само почеток на капаиталните проекти кои што Охрид ќе ги добива во иднина- рече секретарот на општина Охрид Димитар Спасески , објаснувајќи го значењето на Одлуката за избор на партнер за изградба на административно деловно трговска зграда која вклучува изградба на затворен зелен пазар, која денеска беше усвоена на седницата на Советот на општина Охрид.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *