ОСНОВЦИТЕ ОД ОУ “ СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ НА ГОСТИ ВО ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА

Во рамки на серијата  редовни  посети, а  како дел од училишните  проектни  активности,  денес на гости во општина Охрид беа третоодделенците    од   Основното училиште “Св. Климент Охридски “.

Претседателката на Совет , Гордана Коњановска , како домаќин  ги запозна младите охриѓанчиња со начинот на функционирањето на Локалната самоуправа.

Децата во улога на градоначалник, претседател на Совет, секретар и градски советници, во големата сала импровизираа  седница на Совет , а претседателката Коњановска,   им даваше информација прилагодена на нивната возраст на  секое поставено прашање.

 Младите  се запознаа со надлежностите на Градоначалникот  и на останатите стручни служби а посетата ја заокружија со обиколка низ општинската зграда  во која  беа  опфатени кабинетот на градоначалникот  како и  просториите на другите  служби.

Најмладите со низа впечатоци и доживувања ја напуштија општинската зграда. За нив најпривлечен беше кабинетот на градоначалникот  и салата во која се одржуваат седници на Совет  па посакаа и тие да бидат идните градски функционери.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *