Даниел Кајмакоски е неповреден во сообраќајната несреќа

Познатиот македонски поп пејач Даниел Кајмакоски е неповреден во сообраќајната несреќа која се случила попладнево во Скопје .

Даниел Кајмакоски го управувал своето возило марка мини-морис добиено како награда на натпреварот ‘ Икс Фактор ‘ и кое околу 17.45 часот се судрило со ‘ пежо’ со велешки регистерски таблици .
За среќа повредени немало ниту во другото возило . Очевидците наведуваат наведуваат дека ‘ морисот ‘ на Даниел Кајмакоски бил мошне оштетен . Од Мвр го потврдија настанот а полициските екипи доцна поладнево вршеа увид .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *