Денес е Свети Валентин

Секоја година на 14.февруари го славиме Св.Валентин. Тоа е ден кога и изразуваме љубов на саканата личност, но знаете ли кој е Купид, што се случува кога ќе ве погоди неговата стреличка и зошто воопшто го славиме Св.Валентин?

Симбол на Св.Валентин е римскиот бог Купид прикажан со лак и стрела. Се вели дека оној кој ќе биде погоден со неговата стрела, веднаш ќе се заљуби. Овој празник го добил името по светецот Валентин кој живеел во 3.век после Исус Христос.

Традицијата на славење Св.Валентин

Традицијата на славење на Св.Валентин е најверојатно една од најдолгите во историјата на христијанството. Првите честитки за Св.Валентин датираат од Англија и Шкотска, во раниот среден век, кога постоел обичај на прагот на својата сакана да се остави љубовна порака или честитка украсена со чипка или со некој друг материјал. Во некои земји постоел обичај на девојката да и се подари облека, а ако таа ја задржи облеката, тоа би било знак дека се согласува да го поминете остатокот од животот заедно.

Постојат повеќе верзии за настанокот на оваа легенда. Официјалната католичка црква се држи до тоа дека Св.Валентин бил свештеник исцелител (името Валенс на латински значи здрав), заштитник на здравјето.

Венчавките тогаш се одржувале некаде околу месецот февруари, кога Св.Валентин бил погубен, за да се навести дека доаѓа пролетта и да се избегне големата гужва за време на Божиќ и Велигден. Оттука е и неговата поврзаност со бракот.

Многу од т.н Пагански религии како што се римската и грчката го земале токму месец февруари за да се слави магијата поврзана со бракот или љубовта, па се претпоставува дека тој обичај можеби е преземен од древните религии. Колку е ова вистина, никој не можел да докаже.

Денот на заљубените денес 

Како и да е, денот на Светиот Валентин денес е познат низ целиот свет како Ден на заљубените. Веројатно не можете да си замислите ситуација да сте во врска, а на тој ден на саканата личност да не и купите барем некој скромен подарок или пак да организирате заедничка вечера, кино, прошетка или нешто по ваш избор. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *