НОВА АВИО ЛИНИЈА ОХРИД – ЛОНДОН
Охрид годинава очекува плодна летна туристичка сезона со поголем број странски туристи во однос на изминатите години. Од 1-ви јули годинава стартуваат дирекните авио линии Охрид- Базел и Охрид- Лондон а по поволни цени се очекува да се патува и до Истанбул.
–Охрид од 1-ви јули доби директна авио -линија на релација Охрид -Базел и тоа два пати неделно. Вчера е избран најповолниот понудувач за воспоставување директна авиолинија Охрид -Лутон (Лондон) исто од 1-ви јули со фреквенција два пати неделно. Голема е веројатноста да успее лобирањето на парламентарците во турскиот парламент кои имаат корени од Охрид за воспоставување на директна авиолинија Охрид -Истанбул и тоа три пати неделно. Набрзо ќе се случат мега промоциите на туристичките потенцијали на Охрид пред професионалната јавност во Белград, Сараево, Софија, Љубљана, Осло, Брисел, Тел Авив, Истанбул, Москва и Нингбо (Кина). Оваа година ќе се изработи промотивно видео и неколку кратки спотови за туристичката понуда на Охрид од страна на професионална маркетиншка куќа, кое ќе биде споделувано по целиот свет, посочи градоначалникот, Никола Бакрачески.
Кинески туристи го скенираат Охрид како привлечна туристичка дестинација а многу добро е што проектите од типот на најсовремена пешачка патека на потегот од каналот Студенчишта до некогашниот хотел “Парк“ чија реализација започнува многу наскоро како и изградбата на најсовремената плажа во населбата Лагадин, дополнително ќе привлечат поголем број туристи во Охрид.