Наградниот фонд од „Среќно семејство“ дониран во хумани цели

Средствата од наградната игра на ЕВН Македонија за помош на македонските хуманитарни организации и настраданите во поплавите во Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

Паричните награди од првото издание на наградниота игра „Среќно семејство“ на ЕВН Македонија беа донирани за хуманитарни организации во земјава и за помош на настраданите во поплавите во Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска.

Семејствата на познати личности низ различни игри се натпреваруваа за награден фонд од 300, 500 и 1000 евра. Победници во првото издание на играта беа семејството на Новица Василевски и Татјана Лазаровска кои се натпреваруваа за интернатот „Гoце Делчев“ од с. Љубанци, второто место го освои семејството Црнокрак кое се натпреваруваше за Здружението на граѓани за третман на лица со аутизам, АДХД аспергеров синдром „Во мојот свет“- Скопје, а за Заводот за рехабилитација на деца и младинци – Скопје се натпреваруваше семјството на Авни Ќахили.

SC0443

ЕВН Македонија двојно го зголеми наградниот фонд од играта со што дополнителните средства ќе бидат донирани за помош на настраданите во поплавите во Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска. ЕВН дополнително ќе испрати помош за настраданите во поплавите со вклучување во акциите на Стопанската комора на Република Македонија.

Наградната игра „Среќно семејство“ се емитува на ТВ Алфа секој втор понеделник во 19:15 часот веднаш по завршувањето на централниот дневник. Истиот ден емисијата се емитува и на ТВ Алсат во 22:15 часот на албански јазик. Репризните изданија на наградната игра на двете телевизии ќе се емитуваат за време на викендот.

Секое семејство е потенцијален учесник. Се’ што треба да направите е да ја платите сметката за електрична енергија и да очекувате да бидете извлечени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *