Дали секогаш кога ке заврне снег ке имаме проблеми со бандерите и каблите !?

Вчера вечер во Охрид и охридско не падна многу снег, но заврна доволно за да направи видна штета низ градот. Тежината на влажниот снег предизвика паднати и наведнати бандери, паднати и оштетени сообраќајни знаци, искинати и надвиснати кабли, скоро половина град беше без струја а останатите со низок напон на струја. . . Пред околу еден месец падна првиот снег зимава во Охрид – но тогаш снегот ги ‘изненади’ сите неочекувано . паднати беа бандери, се искинаа и оштетија кабли од струја, каблоска, интернет и телефонски кабли, така што некои делови од Охрид немаа кабелска, интернет и телефон дури 2 недели а што е најиронично без струја ги поминаа и новогодишните празници .
Сепак ова не било доволно за надлежните од Кабелските телевизии и интернет операторите да преземат мерки со поставување на нови бандери, бидејќи како што наведовме погоре повеќе од пола град повторно се соочува со проблеми и штети од “невремето”
Во прилог ви доставуваме Фотографии од паднати кабли во Крали Марко , Лескајца , Гоце Делчев , Марко Нестороски ….

bandera 1

bandera 2 Bandera 5

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *