Во Струга основните и средните училишта штрајкуваат

Сите основни и средни училишта во Струга и во струшките села Лабуништа Подгорци Боровец  денес се во штрајк.И покрај притисоците, претседателите на Синдикатот за образование во Струга велат дека сите професори и наставници во Струга и Струшко се на своите работни места но дека нема настава.

– Сите професори беа дојдени на работа, но заедно со директорот одлучивме да штрајкуваме. Учениците беа по училниците но настава немаше. Притисоци имаше особено во албанскиот блок, но и покрај тоа одлучивме да штрајкуваме. И директорот се сложи со тоа бидејки со сила тој не може да им рече на професорите да одат или да не одат, вели ,Реџеп Лешко, претседател на синдикатот за образование во средното училиште „Нико Нестор“ во Струга.

Лешко рече дека штрајкот ќе се реализира и во прва и во втора смена и оти истиот ќе продолжи и понатаму. СОНК бара од Владата зголемување на платите во образованието за 25 %.

Реџепи Демирчани претсеател на регионалниот синдикат за образование за Струга, Дебар, Вевчани и Центар Жупа за НОВА рече рече дека и во другите места кои тие ги покриваат има штрајк.

– Во Струга се штрајкува на сите места во сите училишта со исклучок на основното училиште во селото Октиси, каде единствено таму штрајкува само претседателот на синдикатот во ова училиште рече Демирчани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *