Отворена е реновираната Телеком продавница во центарот на Охрид

На денот на отворањето на реновираната продавница во Охрид, Македонски Телеком подготви изненадувањe за своите корисници.

Секој корисник којшто ќе потпише нов или ќе го обнови својот претплатнички договор има можност да купи мобилен телефон во Smart M тарифата со попуст до 50 отсто.

Реновираната Телеком продавница во Охрид овозможува подобра услуга, одличен преглед на понудата и нуди сосем нов интерактивен продажен концепт со мултимедијално искуство за корисниците. Целта на овој концепт е компанијата да се доближи до корисниците, коишто преку интерактивно истражување и забава ќе можат да се запознаат со комуникациските услуги и решенија на Македонски Телеком.

Корисниците отсега во единствената Телеком продавница во Охрид, можат сè на едно место, брзо и лесно, да го најдат она најмногу што им одговара, согласно потребите и можностите.

32          012222

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *