СВЕТСКИ ПОЗНАТОТО СПИСАНИЕ HOLIDAY MAGAZIN ПИШУВА ЗА УБАВИНИТЕ НА ОХРИД

На неколку страни во престижното турско списание кое се печати на руски и англиски јазик, се пишува за Охрид како бисер на Балканот. Охридското езеро е опишано како едно од најубавите природни езера сместено во западниот дел на Македонија , а за Охрид како град кој со своите природни и културно- историски убавини е под заштита на УНЕСКО. Во одделен пасус се пишува за музичко сценската манифестација “Охридско Лето“. HOLIDAY MAGAZIN е доста популарно списание во светски рамки и се дистрибуира во големите аеродроми и трговски центри ширум Светов.

 

Големата промоција на Охрид во овој познат печатен медиум е резултат на промотивната тура “Охрид 2014“ која се одржа од 4 до 6 април годинава а на која присуствуваа претставници на туроператори, туристички агенции и медиуми од Турција, Албанија, Србија, Бугарија, Русија и Косово кои остварија директни средби со туроператорите и хотелските субјекти од Охрид.
Целта на промотивната тура беше гостите да се запознаат со туристичките потенцијали на Охрид и со сите оние специфични елементи на туризмот во Охрид.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *