Бесим Демиров со одличен говор ги повика Египќаните да гласаат ЗА

оветникот Бесим Демиров вечерва одржа мотивирачки говор, кој ги остави без зборови и ги собра комплиментите од другите говорници на собирот на Египќаните.

Интегрално го пренесуваме обраќањето на Бесим Демиров:

Вечерва се собравме овде, да го кажиме и ние Египќаните нашиот став, по прашањето над сите прашања кое стои над нашите животи три децении.

Три децении е подолг временски период од времето на мојот цел живот, и од животите на многу присутни овде, а тоа е половина живот од човек кој е на возраст пред пензионирање или еден цел човечки работен век.
Добро слушнавте, спорот кој ни стои како камен на вратот е пренесен од минатиот век во овој и конечно имаме шанса да го решиме.
Тој спор кој ни ги затвори сите врати направи илјаден народ да отвори други врати и да се исели од нашата родна земја, а со негово решавање ние ја отвораме големата врата на Европа, каде живеат илјадници иселеници од кај нас, со кои по влезот во Европа, барем ќе сме во една голема заедничка држава со нашите надвор.
Денес во Германија постојат цели населби кои се своевидни колонии на Египќани во оваа држава. Илјадници наши работат таму, и тоа го работат ковачкиот занает, тоа што Египќаните го работеле со векови.
Време е да го сопреме ова иселување на нашите млади од родната земја и затоа мора да сме одговорни и свесни, бидејќи по децении поминати во проблеми, дојдовме до фаза во која влогот е голем и шансата која сега се отвора не смееме да ја пропуштиме.
Ние сите заедно мораме да застанеме на вистинската страна и во овој историски момент. Тоа е така бидејќи Египќаните традиционално секогаш застанувале на правилната страна во судбоносните моменти како за државата, така и за целото човештво.
Да, добро слушнавте, сме застанале на правилната трана и во Втората Светска Војна, кога Египќаните од Охрид, но пред се од Дебрца рамо до рамо се бореа на страната на Сојузните и со жртви и пролеана крв, ние Египќантие се вградивме себеси во победата на демократските земји и земјите кои го бранеа човештвото од најголемот зло кое се изроди од луѓето, а тоа е Фашизмот.
Соте ние Египќаните, според документите кои постојат но и според сведоштвата на нашите родители масовно гласавме ЗА и во 1991 година кога Македонија стана самостојна држава.
Така и сега, сите ние ќе излеземе и ќе гласаме ЗА, заради иднината наша, за иднината на Охрид и Македонија, кои цивилизациски, културно, георграфски припаѓале на Европа и едноставно ние сме за таму.
Со години наназад во јавноста но и на собири се зборува за влегување на Египќаните во преамбулата на уставот на Македонија.
Во минатото разни лица, на ниво на индивидуалци, без политичка тежина и без народ зад нив, за лични ситни интереси тргуваа , а некои и денес тргуваат со интересите на Египќаните.
Така во минатото нашиот глас го дававме за задоволување на нечии кариери, од професорски места, до проекти од 300 000 евра, за лично богатење на некои индивидуи, па дури некој во наше име се пазареше за плочки.
Но тоа иако и денес го прават одредени индивидуи без никаква политичка тежина и никаква гласачка тежина, ние покажавме и докажавме дека можеме и поинаку.
Ние последните години реализиравме над 30 вработувања на Египќани во општина и јавните претпријатија и останати институции.
Јавнои ви кажавме дека ќе имаме Советник и ево го имаме, и да знаете дека секогаш ќе го имаме бидејќи успеавме да го стекнеме тоа право, а стекнато право никој не може да го одземе, без разлика кој ќе е во иднина советник, во децениите кои следат ние ќе имаме советник или советници во Советот на Охрид.
И ако погледнеме наназат кој преговарал за ситници и сопствена кариера и богатење, а кој барал места во системот и институциите за Египќаните, јасно е само едно:
Ние сме тие кои ќе ги внесиме Египќаните во преамбулата на уставот и ќе ги стекнеме и тие права кои никој нема да може после да ги земе.
Дозволете тука да се обратам и на нашите Македонци. Ние со нив живееме векови на оваа земја, некогаш сме биле третирани како граѓани од втор ред, некогаш било подобро, и ние целосно го разбираме негативното чувство кај дел од Македонците кои се против договорот со Грција.
Но ги охрабруваме сите да не се колебаат и да знаат дека ова не е крај на нешто, туку почеток на ново време, време кое го гарантира идентитетот на Македонците и Македонскиот Јазик кој со договорот е прифатен од цел свет, а да потсетам на Македонски Јазик се образуваме и ние Египќаните и во училишните клупи тој е наш единствен МАЈЧИН ЈАЗИК на кој се описменуваме, на кој твориме, и кој го користиме во институциите на државата.
И за крај, повторно да Ве повикам на Референдумот сите масовно да излеземе и да гласаме ЗА Европска Македонија и Охрид во Еевропа.
Да живеат Охрид и Македонија !
Да сме сите живи и здрави во една куќа, ОБЕДНИНЕТА ЕВРОПА големиот наш заеднички дом !!!E

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *