ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Лидерот на албански џихадисти сечe глави во Сирија

Лидерот на џихадистите Албанци кои војуваат во Сирија на страната на терористичката ИДИЛ, Лавдерим Мухаџери, ја згрози јавноста со поставените фотографии на социјалната мрежа Фејсбук, на која јасно се гледа како му ја сече главата на младо лице.

На вознемирувачките форографии се гледа и тоа како косовецот ја држи во раце главата на едно младо момче. Џихадистите во последно време наголемо си отвораат профил на социјалните мрежи на кои постираат вознемирувачки фотографии.

Според косовските медиуми освен Мухаџери во масовните убиства на цивили во Сирија за време на Бајрамсикте празници учествувале и други Албанци.

– Лавдерим Мухаџери, доколку ти си Муслиман, тогаш јас не сум тоа, ова на Фејсбук му го порача актерот Џевдет Јашари од Македонија.

Во коментарите може да се прочита и ова: Не може да сватам како некои медиуми го нарекуваат Албанец овој монструм и неговите другари. Тој може да биде се но, Албанец никогаш. Не постои Албанец кој сече детски глави. Никогаш Албанците не убивале во име на религијата. Затоа не може да се наречат овие луѓе Албанци и никогаш тие не може да бидат дел од албанската нација.

Вознемирвачките фотографии на Мухаџери ги пренесуваат сите албански медиуми од регионов, како и неколку босански.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *