Дејан Блажески поднесе оставка

Дејан Блажески шефот на кабинет на министерот за здравство Венко Филипче си поднесе оставка од функцијата, дознава „Фокус“.

Според нашите информации, Блажески имал одредени несогласувања со личности од кабинетот на министерот.

Нашите извори уште додаваат дека на негово место доаѓа Бојана Атанасова, исто така од кабинетот на Филипче, која дошла во министерството за здравство откако тој ја преземал министерската фотеља.

„Фокус“ го контактираше Блажески, кој ниту ја потврди, а ниту ја демантираше информацијата, но како што дознавамем, тој во моментот е во министерството за здравство и си ги собира работите.

Министерот за здравство Венко Филипче тврди дека кога ќе добие официјална потврда, тогаш ќе може да коментира.

Извор: Фокус

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *