СЕ САНИРААТ УДАРНИТЕ ДУПКИ НИЗ ОХРИДСКИТЕ УЛИЦИ

Во рамки на Годишната програма за работа на Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици при Општина Охрид , пред почетокот на месец мај  годинава  започна градежната  акција за крпење на ударни дупки и санирање на прекопи и навлаки на улиците  низ градов.
Досега акцијата за крпење на ударни дупки се спроведе низ поширокото централно градско подрачје и тоа по должината на улиците:„Славеј Планина“,„7-ми Ноември“,„Егејска“ , делови од „Туристичка“.
Во рамки на акцијата се асфалтираат и санираат   тротоарски површини на пресекот на булевар „Туристичка“ и ул.„Македонски просветители“,непосредно пред зграда Кифла.
Изведувач на градежните работи е  фирмата  „ИВ-Стил“ градба од Кичево.
Акцијата ќе продолжи и во наредните работни денови,по планот и динамиката утврдени со Годишниот план за работа  на Секторот за комунални дејности  сообраќај и улици  при Општина Охрид.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *