СЕ РЕКОНСТРУИРААТ КОШАРКАРСКИТЕ ТЕРЕНИ ВО СРЦ „БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ“

ЈП Билјанини Извори согласно пролетната програма за обнова и реконструкција на отворените кошаркарски спортски терени во СРЦ Билјанини Извори ги започна активностите кои веруваме ќе овозможат подобри услови за рекреирање на сите наши кошаркарски корисници. Активностите кои се извршуваат деновиве се во насока на замена на старите кошаркарски табли, замена на кош обрачите, комплетно бележење на кошаркарските отворени терени како и оспособување на системот за осветлување кое е поставено се со цел рекреативците да можат да ги користат нашите услуги и во касните вечерни часови.


ЈП Билјанини Извори согласно своите можности ќе продолжи со активностите кои во еден мал, но значаен дел за нашите корисници, ќе ги подобрат условите на отворените спортски терени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *