ПРЕТСТАВНИЦИ НА ОБСЕ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ОХРИД

Градоначалникот Никола Бакрачески денес оствари протоколарна средба со претставници на мисијата на ОБСЕ во Република Македонија, Давид Лоеф и Марк Хансел. Дипломатите од ОБСЕ пројавија интерес за актуелната економска ситуација во која се наоѓа Охрид и регионот. Градоначалникот Бакрачески ги запозна гостите со напорите и преземањата на локалната самоуправа за стратешките интереси на Охрид и региионот, за подобрување на економскиот амбиент, со посебен акцент на туризмот и развојот на регионот како единствена и европски препознатлива дестинација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *