БОЖИЌНА ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НИКОЛА БАКРАЧЕСКИ

По повод големиот христијански празник, Рождество Христово- Божиќ, градоначалникот Никола Бакрачески, до верниците од православната вероисповед упати честитка, со желби за  добро здравје, лична среќа, радост и бериќет во семејствата.

 

-Великиот празник на Христовото раѓање- Божиќ, поминете го во радосен амбиент, во топлината на домот, заедно со семејството и ближните, полни со љубов, добра мисла и меѓусебно разбирање. Божиќ е празник кој  поттикнува на човекољубие, почит кон другите и помош на немоќните.
Христовото раѓање е величествен  ден за човештвото, ден кога се здогледа големиот сјај и се означи зачетокот на славењето на љубовта кон Бога. Затоа, овој голем христијански празник нека ни внесе мир и спокојство во нашите срца и добрината секогаш да биде во нас, а светлината на Христовото раѓање да ни биде водилка низ животот.
Во името на богољубието, да го следиме патот на светлината дарен од Бога и  да му се радуваме на животот. Со поздравот Христос се роди- Навистина се роди, да го чествуваме  овој голем празник, полни со топлина, љубов и верба за подобро утре
– се вели во Божиќната честитка на градоначалникот Никола Бакрачески.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *