Таеквондо клуб Хваранг Фист од Охрид со грст медалји од Албанија

На 12 и 13 Декември во Тирана ,Албанија се одржа последниот од серијата Теквондо турнири за оваа година,Отворениот Европски Теквондо турнир Тирана 2015.
Учество зедоа 240 натпреварувачи во сите старосни категории,пионери,јуниори и сениори од клубови од Албанија,Грција,Италија,Германија,Косово и како претставник од Македонија Таеквондо клуб Хваранг Фист од Охрид,со 5 натпреварувачи.
И покрај крајно непрофесионалното судење ,нашиот клуб доминираше во сите категории каде имавме учешници.Во 2 наши финалиња со претставници од организаторите,публиката скандираше и ги бодреше нашите натпреварувачи,поради квалитетот кој го покажаа за време на борбите.
Елена Симоноска освои 2 златни медаљи во борби и форми во јуниорки,
Тамара Велјаноска го освои првото место во борби пионерки и второто место во форми исто така пионерки 12-14 години.
Василија Јовчески кој за прв пат настапува и со 3 победи го освои 1 место во борби категорија пионери 12-14 години.
Доминантен повторно на теренот беше нашиот претставник во јуниори,Филип Јосифоски кој освои 3 златни медали во борби,форми и специјални техники(удари во скок на висина +2,30м),и 1 сребро во тест на сила(кршење даски),со што го освои и пехарот за најдобар јуниор,и само потврди дека во моментов е најдобар во државава во својата класа,со што се надеваме дека ке влезе во избор за најдобар спортист на град Охрид за 2015 со освоени 8 златни,2 сребрени и 5 бронзени медаљи.
Ова е и крај на натпреварувачкиот дел на нашиот клуб за оваа година од меѓународната програма.Ни останува уште учеството на турнирот во Скопје по WTF програмата,на кој исто се надеваме на добар успех,за уште поуспешно да ја завршиме оваа 2015 година.
Повторно напоменуваме дека работиме исклучиво со сопствени средства,чланрини и лични средства од родители,без никаква помош од институциите кои пробуваат успесите и жртвувањата на овие спортски амбасадори да си ги припишат како свои заслуги,без разлика кој раководи со истите.
За крај ќе го цитирам главниот судија Италјанецот ” Macedonian team is excellent team,and the team is excellent because his master is excellent”

Извор : Taekwondo klub Hwarang Fist

taek 2 taek 3

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *