Пали Колефски победник во општина Пустец

Според податоците на Централна изборна комисија во Пустец се пребројани гласачките кутии од вкупно 4.364 запишани избирачи, гласаа 2.145 избирачи. Од преброените гласови за градоначалник на општина Пустец, кандидатот Пали Колефски доби 1.184 гласа, а кандидатот Панди Јани доби 673 гласа.

Преспа ќе продолжи да живее, жителите на Општина Пустец го избраа најдоброто. Драги мои прво да ви се заблагодарам на огромната и безрезервна поддршка на овие избори а од утре продолжуваме со макотрпна работа, од утре продолжуваме да работиме за Општина Пустец да стане уште подобро место за живеење. Оваа победа не е само моја, оваа победа е ваша, оваа победа е за сите нас заедно. Уште еднаш ви Благодарам од се срце – напиша на својот ФБ профил Пали.