СЕ ПОДГОТВУВА ТЕРЕНОТ ЗА ПОЧЕТОК НА ВТОРАТА ФАЗА ОД РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ПАТЕКАТА КАЈ СТУДЕНЧИШТА

Во тек се подготвителните активности за почеток на втората фаза од изградбата на пешачката патека од каналот Студенчишта до хотел „Парк“. Надлежните служби при општина Охрид веќе  го расчистуваат теренот и ја одбележуваат трасата по која ќе се движи патеката.

По завршување  на овие активности  ќе  започнат земјените работи односно ќе се поставува комплетната инфраструктура потребна за овој дел од патеката .
Во првата фаза од реконструкцијата на патеката  беа опфатени 210 м. Проектот со задоволство  и воодушевување  беше  прифатен од охриѓани  и гостите кои се рекреираат на  најмодерната, пешачка, велосипедска и патека за ролери уредена по најсовремени стандарди. На просторот уредно се одбележани патеките за велосипеди,  ролери и пешачката зона. Просторот е хортикултурно уреден и  автентично осветлен.

Реконструираната патека значително ќе го подобри изгледот на тој дел од Охрид.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *