ГФК Охрид ⁸: Фудбалот е место за спортисти, а не за криминалци – квалитетно судење во Македонија не постои

СООПШТЕНИЕ
До сите спортски љубители на фудбалот и на ГФК Охрид Лихнидос, посебно до ФФМ.

Со големо разочарување може да констатираме дека квалитетно судење во Македонија не постои. Специфично нема професионално судење кога се игра против екипата на Воска Спорт. Доколку играме десет натпревари со вакво судење нема да победиме на ниту еден натпревар.

Последните два натпревари во кои судеа прволигашки судии кои досудија непостоечки ситуации што влиаеја на конечниот резултат, ни е одземена можноста за играње на фудбал и спортско радување. Имено, со нашата работа успеавме да создадеме фудбалска величенствена атмосфера!

На последните натпревари против екипите на Вардар, Велешта, Воска има огромен број на публика од 2000 до 5000 гледачи. Поради неспортски однос од тие што ја делат правдата публиката си оди разочарана после натпреварот.

Денес многу беа значајни коментарите во публиката: “Да си одиме дома бидејќи судијата ќе досуди пенал во 100-тата минута”. Исто така во првото полувреме не ни беше досуден пенал каде што имаше играње со рака. Се беше пресликано како во претходниот натпревар со Воска.

По завршувањето на натпреварот во подтрибинскот простор физички беше нападнат нашиот голман Дамјан Серафимов од страна на директорот, претседателот и голманот на Воска Спорт. За овој случај е доставен дополнителен записник до ФФМ.

Доколку ГФК Охрид Лихнидос е приморан да настапува во криминалната лига, луѓето кој што го водат клубот поранешни репрезентативци докажани спортисти, нема да го дозволат тоа. Фудбалот е место за спортисти, а не за криминалци.

ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС

“Секогаш кога сум играл фудбал сум сакал да се натпреварувам, сум примал голови, победувал , губел.
Секоја победа или пораз е небитен во конечниот збир, меѓутоа многу боли кога ќе изгубите на фудбалски криминален начин , како во последните два натпревари со Воска спорт.”

Пореанешен голман и репрезентативец на Македонија и сегашен Предтседател на ГФК Охрид Лихнидос
Данчо Целески

https://fb.watch/bTksY7gM5K/

извор: ГФК Охрид Лихнидос Фб.